Втора МФЛ: Брегалница и Аресими имаат по шест бода, Победа убедлива против Борец

Брегалница има максимални шест бода по две кола во второлигашката конкуренција откако на гости го победи Новаци со 0-2. Даноски во 21-та минута и Глигоров во 61-та минута беа стрелци на головите за штипскиот тим.

Победа на домашен терен беше убедлива и го декласира Борец со 5-0.

Аресими исто така стигна до втор триумф откако на гостински терен славеше против ГФК Охрид со 2-4.

Кожуф победи на гости со 1-3 против Вардарски, а Вардар Неготино и Беласица ремизираа 2-2.

Осогово и Скопје исто така поделија по еден бод, играјќи 1-1.

Утре се игра натпреварот меѓу Башкими и Македонија ЃП.

Standings provided by Sofascore
- Оглас -

Најнови вести