Втора титула во Париз и рекордна победа за Швјонтек

Ига Швојнтек по вторпат во кариерата ја освои титулата на Ролан Гарос, откако попладнево во Париз славеше со 6-1, 6-3 во сетови против Коко Гоф во големото финале.

Полската тенисерка и моментално прворангирана во светот, воедно го израмни рекордот на Венус Вилијамс од 35 последователни победи, што е најдолга низа во женскиот тенис во 21 век.

Швјонтек за нешто повеќе од еден час игра се закити со својата втора гренслем титула по онаа во 2020 година освоена исто така на француско тло. Делуваше надмоќно против 18-годишната Американка, остварувајќи по три брејка во двата сета.

Шампионот во машка конкуренција ќе се дознае утре, во борбата за пехарот играат Рафаел Надал и Каспер Руд.

- Оглас -

Најнови вести