Вториот светски рекет откри дека боледува од дијабетес

Александер Зверев, вториот светски рекет и актуелен Олимписки шампион, при отворањето на неговата нова фондација откри дека боледува од дијабетес тип 1.

Токму поради оваа болест служи фондацијата „Александер Зверев“, германскиот тенисер преку неа ќе се обиде да им помага на децата и возрасните кои боледуваат од шеќерната болест.

„Датумот 6 август е посебен за мене и моето семејство. Денес, нашата фондација официјално оживеа, за поддршка и помош за децата кои боледуваат од дијабетес тип 1 и превентива на повозрасните да избегнат тип 2, така што ќе водат здрав и активен живот. Нашата мисија е да им обезбедиме инсулин и останати лекови на деца кои потекнуваат од не толку развиени земји. Како човек што боледува од дијабетес тип 1, ги охрабрувам сите деца кои се наоѓаат во слична ситуација да не се откажуваат од своите соништа и покрај тоа што ќе ви кажат другите“, објави Зверев на неговиот инстаграм-профил.

Инаку, Германецот моментално закрепнува по операцијата на скочниот зглоб и ќе отсуствува од терените одреден период.

- Оглас -

Најнови вести