Второ финале во низа за Бертенс на турнирот во Мадрид

Кики Бертенс славеше со 2-0 (6-2, 7-5) во сетови против Слоан Стивенс во полуфиналето од ВТА Мастерс турнирот во Мадрид. Минатогодишната финалистка повторно ќе има прилика да се бори за трофејот, откако лани потфрли по претрпениот пораз од чешката тенисерка Петра Квитова.

Бертенс покажа заби уште на стартот од средбата, па со два брејка за брзо поведе со 5-2 во гемови, а по искористената втора сет топка дојде чекор поблиску до финале.  Стивенс пружи отпор и се очекуваше нејзин одговор, но Американката загуби здив при преднос од 4-2, загуби два сервиси по што поразот беше неизвежен.

Во финалето Бертенс ќе се соочи со третата најдобра тенисерка на светот во моментов, Симона Халеп, која претходно ја елиминираше Белинда Бенчиќ со 2-1 (6-2, 6-7, 6-0) во сетови.

- Оглас -

Најнови вести