Второ куп-полуфинале: Струга има победнички рецепт, Силекс ќе се обиде да го урне опасниот бедем

Струга Трим Лум ја има предноста да игра на домашен терен против Силекс во второто полуфинале во македонскиот куп денеска од 13 часот.

Стружани се речиси непобедливи дома и имаат само еден пораз на 13 меча во домашното првенство, а досега Силекс нема победа кога е гостин на најуспешниот домаќин заедно со Шкендија.

Две победи од 2:0 и 2:1 и едно реми без голови е билансот на двете екипи кога играат во Струга, што значи дека Кратовци ќе мора за првпат да победат на еден од најцврстите бедеми во нашиот фудбал ако сакаат да играат финале.

Правилата се познати, ако нема победник во регуларниот дел ќе има пенали, а победникот ќе игра против Академија Пандев во финалето на 19 мај.

Вчера струмичани ја победија Македонија на гости во Ѓорче Петров со 3:1 и си обезбедија меч за пехарот во националниот куп.

 

 

- Оглас -

Најнови вести