Второ реми во низа за ПСЖ

По Бордо, и Стразбур го спречи залетаниот ПСЖ, последната средба од 16-тото коло во Лига 1 заврши со конечни 1-1. Томас Тухел повторно излезе со состав во кој недостасуваше Нејмар, додека Мбапе од клупа чекаше шанса да заигра.

Домаќините поведоа преку Лара, кој беше прецизен од белата точка во 41-вата минута. ПСЖ притискаше за брзо да се врати во игра, па судијата и ним им додели најстрога казна. Кавани во 71-та минута израмни на 1-1. Ниту влегувањето на Мбапе не му донесе три бода на францускиот првак, а во финишот од мечот можеа да претрпат дебакл, меѓутоа голот на Стразбур беше нерегуларен, па резултатот остана непроменет.

ПСЖ по 16 средби во Лига 1 има огормна предност во однос на второпласираниот Лил, кој има 30 бода, додека „светците“ имаат 14 повеќе од нив.

 

- Оглас -

Најнови вести