Вучевиќ: Добро ќе беше „Инстаграм“ да згаснеше засекогаш

Социјалната мрежа „Фејсбук“ и нејзините платформи „Инстаграм“ и WhatsApp вчера не работеа околу 6 часа, падот на популарните мрежи го коментираа многумина, меѓу нив и црногорскиот кошаркар Никола Вучевиќ. Тој се обрати преку „Твитер’.

„Зарем не би било прекрасно ако ‘Инстаграм’ остане изгаснат засекогаш, па да можеме да одиме на настани без луѓето да ја снимаат секоја секунда и да ги ставаат клиповите на своето стори“, напиша центарот на Чикаго булс.

„Фејсбук“ за блокадата која спречи пристап кон мрежата на 3,5 милијарди корисници низ светот ја обвини „неисправната промена на конфигурацијата“.

- Оглас -

Најнови вести