Вучевиќ со голема трампа заминува во Голден стејт?

Црногорскиот центар Никола Вучевиќ е блиску до премин од Орландо меџик во Голден стејт вориорс. Ако дојде до реализација на оваа трампа во најава, Воините ќе добијат големо засилување кое може да им помогне да се борат за титула.

Планот е Вучевиќ и Теренс Рос да заминат во тимот од Сан Франциско, како и 15-тиот пик на годинешниот драфт, а Орландо би ги добил Ендрју Вигинс, Кевин Луни, Џордан Пул и вториот пик на драфтот, плус два пика од наредните драфтови.

Со здрави Стеф Кари и Клеј Томпсон и со засилување во рекетот како Вучевиќ, Вориорс ќе води борба за врвот на Западот. Црногорецот во минатата сезона имаше просек од 19,6 поени и 10,9 скока по меч, а одличен беше и во плејофот против Милвоки со просек од 28 поени и 11 скока по меч.

- Оглас -

Најнови вести