Вудбриџ: Ѓоковиќ е жртва на својата желба да го сакаат

Некогашниот австралиски тенисер, Тод Вудбриџ, го поддржа сонародникот Ник Кирјос во критиките кон Србинот Новак Ѓоковиќ и се согласува дека Ноле е опседнат со тоа сите да го сакаат.

„Новак е жртва на својата желба да го сакаат. Во полуфиналето на Вимблдон видовме како тој на гледачите им го покажува увото. Тоа е бизарно. Тој сакаше аплаузот за него да биде погласен откако Баутиста одигра добар поен и публиката го ценеше тоа. Новак е неверојатен тенисер, но не мора да оди по тој пат и да моли аплаузот за него да биде посилен“, смета Вудбриџ, кој има 16 гренд слем титули во двојки и беше член на легендарниот дубл со Марк Вудфорд наречен „дрвените“.

Вудбриџ смета дека Ѓоковиќ може да го надмине Роџер Федерер по бројот на гренд слем титули, особено откако во директен дуел го совлада лидерот по бројот на титули, кога против себе во Лондон имаше и 15.000 гледачи.

„Пораката која Ѓоковиќ ја испрати со јадењето трева беше дека може да слави на таков див начин, да тера инает и дека е подобар и над другите. Тоа е психологија. Често спортистите ја користат противничката публика како мотивација, тоа го прави и Новак“, додаде Видбриџ, кој го искритикува и Кирјос за однесувањето и му порача да почне да победува на терен, а не да чкрта маици со ликот на Ѓоковиќ и да ги навредува подобрите од него.

- Оглас -

Најнови вести