Вухан и во НБА лигата – Има повеќе заразени, но не се објавува

Кинезите признаа дека во Вухан имало многу повеќе заразени и починати лица од официјалните податоци, а нешто слично се случува и во НБА лигата, за среќа без фатални последици.

На почетокот на кризата што почна со заразувањето на Руди Гобер, беа објавени уште и имињата на шест кошаркари, кои повторно за среќа успеаја да го „прележат“ вирусот без последици и потоа НБА ги стопираше сите информации за новозаразени кошаркари.

Американските медиуми тврдат дека има многу повеќе од 7 кошаркари кои се позитивни на тестовите на Коронавирус, но по притисокот токму од играчите и официјалните лица во НБА лигата веќе не се лиферуваат информации за заразата, ниту се објавуваат имиња.

Дека има вистина е податокот што беше објавен дека Лос Анџелес лејкерс имаше двајца кошаркари со Коронавирус, но остана тајна кој е тандемот Езерџии со позитивни тестови.

Општо Соединетите Американски Држави имаат многу проблеми со Коронавирусот и се меѓу најпогодените пет земји според бројот на заразени и починати лица од почетокот на епидемијата.

НБА лигата го чека продолжението, а денеска, ако се одеше според протоколот требаше да почне плејофот и завршницата во битката за титулата.

- Оглас -

Најнови вести