Некогашниот двократен европски првак Вардар врза два порази во Лигата на шампионите. Откако во претходното коло дома загуби од Монпелје, Црвено-црните денеска беа поразени и на гости кај Алборг. Тренерот на вардарци, Веселин Вујовиќ, вели дека лошите 10 минути на почетокот од второто полувреме се клучни за неуспехот.
„Дуелот го загубивме поради лошата игра во првите 10 минути од второто полувреме. Потоа се обидовме да се вратиме, но не успеавме. Честитки на Алборг за победата. Ние сега веќе треба да се фокусираме за дуелот кој следува, а тоа е против Кил“, рече Вујовиќ по поразот од данскиот првак.