Вујовиќ: Ние бевме подобри во првото полувреме, Елверум во второто

Вардар 1961 освои бод на гостувањето кај Елверум во Норвешка, а тренерот Веселин Вујовиќ смета дека нерешениот резултат од 27-27 е реален.

„Ние бевме подобри во првиот дел, а Елверум во вториот, па можеби нерешениот епилог е и реален. Многу клубови ќе изгубат тука, во тоа сум сигурен“ – изјави Вујовиќ.

Во следното коло од ракометната Лига на шампиони, вардарци на 22 септември во „Јане Сандански“ го пречекуваат Мешков Брест.

 

- Оглас -

Најнови вести