Вујовиќ се враќа во Вардар?

Веселин Вујовиќ по крајот на актуелната сезона ќе го напушти Борац од Бања Лука за по третпат во тренерската кариера да седне на клупата на Вардар 1961. Ова го потврдија повеќе српски медиуми кои исто така информираат дека Вујовиќ ќе се раздели со босанскиот тим без разлика дали ќе ја освои титулата во БиХ.

Се верува дека враќањето на Вујовиќ на клупата на Црвено-црните беше голема желба на претседателот Михајло Михајловски, кој претходно во неколку наврати изјави дека е во добри односи со еден од најуспешните вардарови тренери. Ова значи дека Стевче Алушовски ги одработува последните месеци како тренер на македонскиот првак.

Вујовиќ првпат на кормилото на Вардар застана во 2006 година, до 2009 година редеше успеси со три титули во македонското првенство, два трофеи во Купот на Македонија, додека ги предводеше Вардарци до првата СЕХА-титула во сезоната 2011/12, во својот втор мандат.

 

- Оглас -

Најнови вести