Вујовиќ: Загубивме добиен меч, но верувам дека можеме да обезбедиме место во нокаут фазата

Вардар продолжува со поразите во ракометната Лига на шампиони откако загуби на гости кај Загреб. Хрватскиот тим беше подобар со 23:22, во меч на кој Вардар имаше предност од 21:18 на неколку минути пред крајот.

„Загубивме добиен меч. Грешевме кога не требаше. Кога играме против Загреб секогаш играме тешко. Нема акција, нема добар проток на топка. Не знам дали се создава некаква тензија или што е. Се плашам дека овој пораз може негативно да се одрази на играчите. Веќе седум меча сме без победа во ЛШ. Во следниот период имаме подобар распоред и се надевам дека ќе се пласираме во следната фаза“, рече тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ по поразот од Загреб.

- Оглас -

Најнови вести