За 2021 година се најавуваат два трансфери на векот

НБА тимот Мајами хит, има многу амбициозен план за летото 2021 година, и ќе се обиде да го купи најкорисниот кошаркар лигата, Јанис Адетокумбо, кој сега игра за Милвоки бакс. Во моментов, заминување на „грчкиот ѕвер“ од Бакс делува како невозможна мисија, клубот не би прифатил да го продаде по ниедна цена и би му понудил сè, да го задржи.

Клубот од Флорида сака да го ангажира Адетокумбо во 2021, и со него заедно со Џими Батлер, би се бореле за титулата. Мајами еднаш веќе донесе суперѕвезда (Леброн Џејмс) кој беше најдобар во НБА, па веројатно веруваат дека би имале шанса и после една и пол година.

За летото 2021, уште една спортска суперѕвезда би можела да го смени тимот, а тоа е Луис Хамилтон. Шесткратниот првак во Формула 1, се шпекулира дека ќе замине во Ферари, а на негово место во Мерцедес би дошол Макс Ферстапен.

Иако има пет титули во последните шест сезони, Хамилтон знае дека титула освоена со болид на Ферари има посебно значење, и тогаш ќе може да биде рамо до рамо со Михаел Шумахер.

 

- Оглас -

Најнови вести