За Артуро Видал, дуелите со Еибар не се непријателски

За пријателството на Артуро Видал со Фабијан Орелјана се знае од поодамна, тие не само што се репрезентативни колеги, туку и приватно се дружат, одат заедно на одмор, заедно патуваат и делат соба кога се со националниот тим, а денеска ќе играат еден против друг на мечот Еибар – Барселона на најтесниот стадион во шпанската прва лига.

Барса историски добро се снаоѓа на „Ипуруа“, има четири победи и една нерешена, а како ќе биде денеска од 13 часот, ќе видиме. Мечот со нетрпение го чекаат и Чилеанците, бидејќи еден против друг ќе се најдат Видал и Орелјана, кои десет години играат заедно за репрезентацијата.

Тие и во минатата сезона играа еден против друг, а првпат тоа им се случи во 2007 година кога Видал беше во Коло Коло, а Орелјана во Аудакс Италијано.

 

- Оглас -

Најнови вести