За Астон Вила ќе брани најскапиот аргентински голман

Емилијано Мартинес е најскапиот голман во историјата на аргентинскиот фудбал, откако денеска потпиша 4-годишен договор со Астон Вила, клуб кој му плати отштета на Арсенал од 22 милиони евра.

Мартинес има 28 години и од 2010 година е во Арсенал,а беше дел и од младинската Академија на клубот. Топчиите не му даваа многу шанса да брани, па голманот од Мар Дел Плата беше позајмен на дури шест клиба, додека беше член на Топчиите.

Бранеше за Оксфорд јунајтед, Шефилд Венздеј, Ротерам, Вулверхемптон, Хетафе и Рединг, а лани се врати на „Емирејтс“.

Мартинес на почетокот на одисејата во Арсенал беше прв голман на младинскиот тим, а најчесто резерва му беше нашиот репрезентативец Дени Илиев.

Сега за Илиев веројатно ќе има повеќе простор за напредок и повеќе шанса да брани за Арсенал, на дел од мечевите во Премиер лигата и во дел од англиските купови.

- Оглас -

Најнови вести