За Баерн не е проблем да постигне барем три гола

1801 Гројтер Фирт – Баерн Минхен (20.30 часот)

Тука нема дилеми околу победникот, двојката делува како загарантирана, прашање е само со колку гола разлика ќе биде триумфот на баварската машина. Баерн во пет кола даде дури 20 гола, има убава серија на ефикасни мечеви и води на табелата, додека Гројтер Фирт е последен само со еден освоен бод и гол-разлика 3-13. И традицијата е на страната на Баерн, последните два лигашки дуели (пред осум сезони) против Гројтер ги доби без примен гол.

Предлог тип: 2 & 3-5 (2.02)

 

1012 Вест Бромич албион – Квинс парк ренџерс (21.00 часот)

ВБА тргна добро сезонава во Чемпионшип, но во последните три кола играше нерешено, па има два бода помалку од лидерот Борнмут. ВБА нема пораз сезонава во осум одиграни кола. Мечевите на КПР се поефикасни, тие се тим кој и прима и дава повеќе голови од Вест Бромич. Квинс парк има два порази по ред, двата со резултат 1-2. Последните три соочувања на овие екипи кога ВБА бил домаќин, завршувале со четири до осум голови.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (1.83)

 

1811 Хајденхајм – Дармштад (20.45 часот)

Хајденхајм конечно заигра поефикасно, даде пет гола во претходните два меча (имаше вкупно само три гола во првите пет меча), па почна и да победува во второлигашката конкуренција. Дармштад најчесто или победува или губи и ако продолжи со резултати „цик-цак“, на ред е да загуби. Дармштад е тим кој на сите гостувања сезонава примаше барем два гола. Хајденхајм не е претерано ефикасен тим, но последниот домашен меч со Дармштад во јануари го доби со 3-0.

Предлог тип: 1 (2.15)

 

1536 Спортинг – Маритимо (20.00 часот)

Маритимо има три нерешени игри и пораз во последните четири кола. По 6 кола, има 6 бода и даде 6 гола. Актуелниот португалски првак не знае за пораз, прими само три гола во шест настапи, но Спортинг не може да се пофали со завидна ефикасност, даде 10 гола, мрежата на противниците најчесто ја тресе еднаш до двапати. Во мај, Маритимо на гостувањето кај Лавовите од Лисабон беше разбиен со 1-5.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.04)

 

1951 Алтај – Бешикташ (20.45 часот)

Ова е шанса за турскиот првак да се врати на победничкиот пат по шокот кој го претрпе против Аданаспор, кога водеше 3-0, а не победи. Но, Алтај изненадувачки добро се држи, има само два бода помалку од Бешикташ, со 4 победи и два порази во шест кола. Бешикташ има и многу повредени играчи. Двата тима на последните три меча во сите натпреварувања и даваа и примаа гол. Меѓу себе не играле 18 години, а традицијата покажува дека Алтај никогаш не го победил Бешикташ.

Предлог тип: ГГ (1.59)

- Оглас -

Најнови вести