За Бензема нема спас: Само што се врати во тимот, повторно се скара со тренерот и повторно е во аут

Големата француска фудбалска ѕвезда Карим Бензема ја продолжува агонијата околу неговиот престој во тимот на Ал-Итихад. Бензема потпиша за тимот од Саудиска Арабија во летниот преоден рок и се очекуваше да биде ѕвезда која ќе воодушевува на теренот.

Договорот на Бензема е на 200 милиони евра годишно, но и покрај овој неверојатно богат договор, ситуацијата е далеку од сјајна. Французинот добро започна, постигна неколку гола, но потоа ситуацијата се влоши.

Ал-Итихад имаше разочарувачки резултати, а Бензема беше посочен како главени виновник за тоа. Голгетерот влезе во конфликт со тренерот Марсело Гаљардо и воопшто не се појави на јануарската мини-турнеја на Ал-Итихад.

Кога се врати во тимот, Бензема се врати и на тренинг, но брзо се вратија конфликтите со тренерот. Гаљардо потенцираше дека Бензема не е доволно подготвен и дека не може да тренира заедно со остатокот од екипата, туку мора да се фокусира на поединечни тренинзи. Ѕвездата кога слушна дека треба посебно да тренира, демонстративно го напушти тренингот.

Дека ситуацијата меѓу Бензема и тренерот е сериозна, се покажа и на денешниот меч на гости кај Ал-Тае, каде што првата ѕвезда на тимот воопшто не беше во составот. Ал-Итихад без Бензема на теренот успеа да победи.

- Оглас -

Најнови вести