За „Би-би-си“ најдобар играч на мечот Македонија – Англија бил Алиоски

Македонскиот лев бек Езџан Алиоски е играч на натпреварот Македонија – Англија според оценките кои ги дадоа експертите од „Би-би-си“.

Сите македонски фудбалери кои влегоа во игра добија оценки над 5, а Алиоски е оценет со 6.01. Од англискиот тим над 5.00 имаат само Фоден, Кејн, Рајс, Пикфорд и Грилиш.

Алиоски оваа оценка ја заслужи со одличното затворање на Букајо Сака, ѕвездата на Арсенал не мрдна по десната страна, а заслугата за тоа е на јунакот од сенка, популарниот Џани, кој иако е без клуб, без проблем квалитетно одигра 90 минути.

- Оглас -

Најнови вести