За Челзи нема криза – Ќе пазарат во Италија за 200 милиони фунти

Челзи веќе нема проблеми со забраната за трансфери и клубот има подготвен план за летниот преоден рок во кој ќе пазари неколку фудбалери од Серија А во Италија.

Според британските медиуми, Роман Абрамович веќе подготвил 200 милиони фунти за засилувања, а се најавуваат ангажмани на Миралем Пјаниќ, Лаутаро Мартинес и голманот Џиџи Донарума.

Грото пари би заминале на контото на Интер и на Лаутаро, кој е проценет на околу 100 милиони фунти, за Пјаниќ се проценува дека ќе чини околу 55 милиони фунти, а Донарума е најевтин со проценка дека ќе може да се пресели на „Стемфорд бриџ“ за 47 милиони фунти.

Челзи летово може да остане без тројца играчи бидејќи на Педро, на Жиру и на Вилијан им завршуваат договорите.

- Оглас -

Најнови вести