За четири години ги донесе од Ц до А класа, денеска го избркаа

Леонардо Семпличи доби отказ во СПАЛ и повеќе не е тренер на фенерџијата во Серија А во Италија. Поразот од Сасуоло со 1:2 викендов беше решавачки за разделбата со тренерот што ќе остане со златни букви запишан во историјата на малиот клуб од Ферара.

Семпличи пристигна како шеф на стручниот штаб во СПАЛ во 2014 година, кога клубот играше во Серија Ц и за неполни четири години успеа да го промовира во калчолигаш.

Сепак, лошите резултати сезонава во елитното италијанско фудбалско друштво си го зедоа данокот, па раководството на СПАЛ одлучи да го смени Семпличи.

СПАЛ е последен на табелата во Серија А со 15 бода, дури 7 помалку од Лече, екипа која е прва над зоната за испаѓање. До крајот на ова издание на Калчото има уште 15 кола, а челниците на СПАЛ допрва треба да именуваат нов шеф на стручниот штаб.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести