За да направи простор за Меси, Барселона на попуст го продава играчот за кого плати 55 милиони евра

Управата на Барселона работи на враќање на Лионел Меси на „Камп ноу“, а за тоа да се случи, потребно е од тимот да си заминат неколку фудбалери и прв на удар е Феран Торес.

Торес во Барселона пристигна во јануари минатата година од Манчестер сити во трансфер вреден 55 милиони евра. Шпанскиот репрезентативец не ги исполни очекувањата, падна во втор план кај тренерот Чави Ернандес дури и кога повредени беа Осман Дембеле и Педри.

Претседателот Жоан Лапорта одлучи да го стави Торес на трансфер-листата, а сумата која ја бара е 25 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести