За да се стане милионер, потребно e знаење, но и среќа каква што имаше експертот од Хром, перфектен тикет одигран и во Струга

Најдобриот тикет за изминатиот викенд во Sport Life беше уплатен во скопски Хром, каде што обложувач само со 150 вложени денари успеа да заработи 984.453 денари бруто-добивка. Тикетот е уплатен во петокот и сите 12 мечеви се од тој ден.

Фулам дома одигра 1:1 против Вулверхемптон во меч на кој домаќините не требаше да загубат, а двата тима да дадат барем еден гол. Драмата се случи на Елче – Бетис, затоа што е одиграно за победа на гостите, а Елче водеше со 2:0 до 65-тата минута. Бетис даде два во период од три минути и во 68-мата минута беше 2:2, а потоа гостите промашија пенал во 88-мата минута за 3:2. Сепак, Бетис беше решен да слави и со погодок во 90+5 минута стигна до посакуваната победа.

Со пресврт во второто полувреме, до победа стигна и Лил против Брест. Гостите водеа на полувреме, но Лил со два погодока во вториот дел стигна до триумф. Утрехт лесно со 3:0 победи кај Спарта, а Фамаликао со гол во 85-тата минута стигна до минимален триумф над Портимоненсе во меч на кој требаше да има од еден до два погодока.

Мајнц со 4:0 (1:0 полувреме) славеше над Борусија Менхенгладбах на средба на која имаше 1-3 погодоци во двете полувремиња. Вкупно 12 меча се погодени и на крајот неверојатниот вкупен коефициент од 6.563 донесе речиси милионска добивка.

ЕДНОСТАВНО, ИГРАШ НА КОНЕЧЕН ТИП ЗА ДОБИВКА ОД ПОЛА МИЛИОН ДЕНАРИ 

Петокот беше среќен и за обложувач од Струга. Дури 21 натпревар има на тикетот кој е уплатен со 100 денари, а донесе бруто-добивка од 567.321 денари. Со едноставна игра и речиси сите мечеви одиграни на конечен тип, погоден е вкупен коефициент од 5.673.

Интересно е дека квотите на мечевите кои се погодени се прилично реални и се од 1.22, а само еден коефициент е над два. Ова е доказ дека и со ниски квоти, но добро одбрани парови може одлично да се заработи.

- Оглас -

Најнови вести