За десет секунди од почетен удар до гол со ножички (Видео)

Екипата на Килмес од втората аргентинска лига (Примера насионал), во првата акција од второто полувреме на гостувањето кај Сармиенто, успеа да постигне гол за водство од 1-0, па иако домашните на крај славеа со 3-1, единствениот гол кој го постигна Килмес е тој што вреди да се види.

Трите гола за Сармиенто ги даде Пабло Мањин, но и хет-трикот не помогна тој да биде главна ѕвезда на мечот.

Стрелец на мајсторскиот погодок за гостите беше Леандро Гонзалес, кој успешно избегна офсајд и се најде сам пред голманот на Сармиенто, но беше побрз од топката и свртен со грб кон голот. Тогаш немаше друг избор освен да ја закачи топката со „ножички“, и успешно го направи тоа, постигнувајќи атрактивен погодок.

Погледнете како изгледа кога за десетина секунди од почетен удар се доаѓа до ситуација да се даде гол со ножички:

- Оглас -

Најнови вести