За Џезерите немаше спас од волшебниците Бил и Вестбрук, Лејкерс фати ритам (видео)

Бредли Бил со фантастични 43 поени и 5 асистенции го предводеше Вашингтон до триумф од 131:122 против лидерот на Западот, тимот на Јута џез. Расниот бек на Волшениците беше неприкосновен во директната пресметка против Донован Мичел, кој застана на високи 42 поени, што се покажаа како недоволни за Џезерите.

Бил имаше огромна помош и од Расел Вестбрук, кој со трипл-дабл учинок од 35 поени, 15 скока и 13 асистенции исто така придонесе за Вашингтон да стави крај на црната серија од пет порази во низа.

Домаќините по фуриозниот старт го натераа западниот лидер да брка двоцифрена негатива веќе по половина од првиот период, по што Јута не можеше да закрепне кога разликата од 20 поени се покажа како недостижна за нив.

Актуелниот првак ЛА лејкерс покажа дека може да победува во серија и без втората ѕвезда Ентони Дејвис. Езерџиите предводени од Леброн Џејмс стигнаа до 28-та овосезона победа со конечни 116:105 над Шарлот хорнетс.

Кралот со симултанка од 37 поени, 8 скока и 6 асистенции диригираше на паркетот, по што Лејкерси ја одржаа традицијата против Шарлот и ја запишаа четвртата победа во низа во меѓусебните пресметки.

Останати резултати НБА:

Атланта 116:93 Оклахома, Њујорк 94:93 Орландо, Феникс 119:123 Минесота, Портланд 101:93 Њу Орлеанс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести