За добра прогноза се уште не е доцна – Типувајте денеска до 16 часот

Како и секогаш Спортската прогноза има интересни 13+2 двојки, а во тек е 15. коло од втората сезона на играта што за вас ја организираат Спорт Манија и обложувалниците на Sport Life.

За добра прогноза се уште не е доцна и можете да се приклучите и да учествувате и во ова коло со свои типови до 16 часот, кога ќе почне првиот дуел од тринаесетката меѓу Барнли и Њукасл. Премиерлигата во 15. коло на Спортската прогноза е застапено со три меча, можете да го прогнозирате и исходот на дуелите меѓу Саутемптон и Вест Хем и Вулверхемптон против Тотенхем.

Од денешните пет натпревари што ви ги нудиме за прогнозирање фокусот е во Џенова. Ќе се игра 79. дерби „Дела Лантерна“ во Серија А меѓу Џенова и Сампдорија. Вкупно во сите натпреварувања двата градски ривали имаат одиграно 99 меча меѓусебе, па напролет се очекува и убав јубилеј, стоти дерби меч меѓу двата големи ривали.

Денеска Горан Пандев нема право да игра, по исклучувањето против Лече, но речиси сигурно ќе има можност да се запише во историјата како учесник на стотото градско дерби на Џенова на 3. мај идната година.

Двете екипи делат ист стадион „Луиџи Ферарис“, или популарниот Мараси, а според досега пристигнатите ваши прогнози Џенова е фаворит за победа.

Во оваа рунда на Спортска прогноза ви нудиме и интересни дуели во недела, а особен предизвик е да се погоди конечниот исход на холандското дерби меѓу Феенорд и ПСВ Ајндховен и секако мечот на „Месталја“ меѓу Валенсија и Реал Мадрид.

За наградите веќе знаете, во секое коло за прогнозерите што ќе ги погодат сите 13 пара наградата е мобилен телефон „IPhone XS“, а ваучери од 1.000 денари ќе добијат сите што ќе имаат само една утка. За два промашени пара Sport Life доделува ваучер во вредност од 500 денари.

Во тек е и битката за позиции и во Генералниот пласман, каде се бројат и поените од двата резервни парови. Во ова коло ви ги нудиме мечевите меѓу Амиен и Дижон и Фиорентина со Интер.

И тука е неизвесно, а веќе го имаме и првиот учесник со 100 поени. Лидер е Христијан Т. кој прв ја проби магичната граница од 100 поени, но има и силна конкуренција со одлични прогнозери, па се уште е рано за шампионот на втората сезона во Генерален поредок. Премијата што ќе ја додели Sport Life е ТВ Смарт од 48 инчи, а ќе има убави награди и за петте најуспешни прогнозери.

 

- Оглас -

Најнови вести