За дуелот со Интер, во Реал се враќа еден клучен играч

Бразилскиот репрезентативец Касемиро е на листата на 21 играч со кои Реал Мадрид ќе патува на гостувањето во Милано, против Интер во рамките од четвртото коло од Лигата на шампионите. Играчот за врска беше заразен од корона-вирусот, но доцна синоќа стигна резултатот од последниот тест кој конечно покажа дека Бразилецот е негативен на опасниот вирус.

Касемиро ги пропушти последните два меча на Реал, но откако имаше два негативни теста на корона-вирусот, доби дозвола да биде во составот за дуелот против Интер.

Ова е одлична вест за тренерот Зинедин Зидан, кој има многу проблеми околу составот затоа што против италијанскиот тим сигурно нема да играат капитенот Серхио Рамос, првиот напаѓач Карим Бензема, како и Валверде, Одриосола, Милитао и Јовиќ.

Реал Мадрид има само четири бода по првите три кола во групната фаза и е под притисок да ги освои трите бода на гостувањето на „Џузепе Меаца“, што ќе биде навистина тешко ако се знае дека и Интер е во незавидна ситуација и е на дното на табелата само со два бода.

 

- Оглас -

Најнови вести