За едно полувреме направи хет-трик, и тоа трите гола му беа од пенал

Фудбалерот на Тондела, Жоао Педро, денеска е главна ѕвезда во португалските спортски медиуми, откако попладнево на дуелот со Маритимо, даде три гола, и неговиот тим победи со 4-2.

Некој би рекол нема ништо чудно и необично што Педро направил хет-трик, тоа се гледа често. Но, овој хет-трик беше специфичен, сите три гола паднаа во првото полувреме, и сите три со шутеви од белата точка. Судијата досуди дури три пенали во првите 45 минути за Тондела, а Педро беше непогрешлив.

Маритимо цело второ полувреме го играше со играч помалку, но успеа да даде два гола и на кратко да внесе неизвесност.

- Оглас -

Најнови вести