За Ел Класико билет вреди и до 2.000 евра, но има и лажни карти

Најголемото дерби во светот, дуелот меѓу Барселона и Реал Мадрид во живо ќе може да го следат околу 90.000 гледачи кои ќе купат карти и ќе бидат на трибините на „Камп ноу“. Дури и најголемиот стадион во светот е премал за да ги собере сите оние кои би сакале да гледаат Ел Класико.

Токму затоа билет за ова дерби е вистинско „злато“. Препродавачите на „црниот пазар“ успеваат да достигнат цена и до 2.000 евра само за еден билет. Сепак, не се проблем само препродавачите, туку и оние кои успеваат да продадат лажни билети.

Полицијата во Барселона уште сега е во акција на ловење фалсификатори. Досега се уапсени 10-тина луѓе кои фалсификувале билети за неделното Ел Калсико. Вистинските билети кои се продаваат на црниот пазар непосредно пред почетокот на средбата, според некои проценки, може да достигнат цена и до 10.000 евра за 90 минути фудбалско уживање на „Камп ноу“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести