За голот што му го дадов на Бразил ќе се зборува и ќе се памети и од моите деца и внуци (Видео)

Серијата на Бразил од 15 победи по ред на домашен терен во мечеви од квалификации за Светско првенство заврши рано утрово, и тоа против Венецуела. Средбата заврши 1-1, а гостите изедначија во 85-тата минута со атрактивен гол со ножички на Едуард Белјо.

Овој 28-годишник, кој игра за мексиканскиот клуб Мазатлан, постигна историски гол за неговата земја (само вторпат во историјата вадат реми против Бразил, сите други мечеви против Бразил им се порази) и верува дека за ова ќе се зборува уште многу години.

„Гол од соништата. Тука во Бразил, против петкратниот светски шампион, пред полн стадион со нивни навивачи, да се даде ваков гол и со тој гол да се избори поволен резултат, е нешто што ќе се памети од моите деца и децата на моите деца. Како сон е“, рече Белјо по мечот.

- Оглас -

Најнови вести