За гревота – Бранеше принудно и прими пацерски голови (Видео)

Нирнберг се најде во чудна позиција пред мечот со Бохум и мораше да го повика јуниорскиот голман Бенедикт Вилерт како петта опција и скапо го плати принудниот потег.

Вилерт имаше кошмарно деби и прими три гола, од кои за два е директен виновник, а Нирнберг загуби со 1:3 од Бохум.

Четворица голмани на Нирнберг отпаднаа поради повреди пред гостувањето во Рур, кај Бохум, па Бенедикт, кој има 18 години и брани за јуниорскиот тим на Нирнберг, мораше принудно да биде прв голман.

Погреши во 40-тата минута, кога ја испушти топката, па на Лоренц не му беше тешко да погоди за 2:0.

https://www.youtube.com/watch?v=Akx83vJpfJ0

Потоа направи нов кикс само пет минути подоцна, а Винцхајмер искористи и постигна гол за огромна предност од 3:0 за домаќините. Интересно е што тренерот на Нирнберг, Дамир Канади, немаше друга опција освен да го остави на клупа повредениот Андреас Луксе како втор голман. И тој не брани за Нирнберг и е четврт голман по ранг во клубот, но принудно настапи на претходните два меча.

- Оглас -

Најнови вести