За храбрите: Традицијата вели дека „се знае“ точниот резултат на еден меч, а на друг иксот е со најмала квота

1001 Арсенал – Евертон (21 ч.)

Двете екипи се без шанси да се борат за место кое води излез во Европа, па овој меч ќе голем императив, што може да е најава за атрактивен фудбал. Евертон веќе шест кола не знае за победа (три нерешени и три порази), а традицијата не е на страната на Карамелите кога се работи за дуелите со лондонскиот тим.

Арсенал има девет победи, едно реми и само три порази во последните 13 меѓусебни дуели, што значи дека домаќините се во улога на фаворити.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.97)

 

1701 Ремс – Олимпик Марсеј (21 ч.)

Ремс е експерт за нерешени натпревари сезонава. Тоа е тимот кој во последните девет лигашки дуели има дури седум нерешени и плус две победи, што значи дека нема пораз повеќе од два месеци. Олимпик се бори за позиција која треба да ги одведе во Лигата на Европа и ќе биде интересно да се види дали ќе го сруши домаќинот.

Меѓусебните дуели покажуваат дека Ремс одлично се справува со тимот од Марсеј и во последните седум средби има три победи, три нерешени и само еден пораз. Во овој период, дури пет средби завршиле со 0-2 гола. Ако се знае дека и сега одбраната е главен адут на Ремс, не треба да се очекуваат многу погодоци.

Предлог тип: 1Х&0-3 (2.08)

 

1801 Аугсбург – Келн (20:30 ч.)

Дуел на екипи кои се борат да не испаднат од Бундеслигата. Аугсбург е во подобра ситуација затоа што има 33 бода, додека Келн е претпоследен само со 26 бодови и ова може да биде последна шанса за Јарците да се обидат да се фатат за „сламката за спас“.

Традицијата вели дека досадни се мечевите кога овие две екипи се на теренот. Дури осум од последните 10 меча биле со 0-2 гола, а дури петпати било 0-1 гол.

Предлог тип: 0-2 гола (1.68)

 

1811 Брауншвajг – Ауе (18:30 ч.)

Овој предлог ќе биде за оние кои се храбри и сакаат да ризикуваат, а веруваат во традицијата. Кога играат овие две екипи, од последните 12 меѓусебни средби, дури шест завршиле со резултат 1:1. Ако се види дека двете екипи се во долниот дел од Цвајте, по еден бод би бил добар за сите.

Во оваа традиција од последни 12 меча, дури 11 завршиле со гол-гол, односно двете екипи да дадат барем еден погодок, а секогаш било 2+ на крајот.

Предлог тип: 1:1 точен резултат (6.25)

 

1311 Сарагоса – Спортинг Хихон (21 ч.)

За Сарагоса најважно ќе биде да не испадне од втора шпанска лига, додека Спортинг е со желба да се врати во елитата. Проблемот за тимот од Хихон е дека влезе во мини криза и има три порази по ред.

Дефанзивата е најсилен дел на Спортинг и тоа е клубот на чии мечеви сезонава паднале најмалку погодоци во Сегунда (35 дадени и 25 примени погодоци во 35 кола). Сигурно Спортинг нема да дозволи да загуби и четврти пат во низа.

Предлог тип: Х (2.65)

 

- Оглас -

Најнови вести