За иднината на Дибала ќе одлучат сопругата и мајката

Рома јасно му стави до знаење на Пауло Дибала дека не е недопирлив и дека нема да биде дел од почетниот состав сè додека не донесе одлука за својата иднина.

Во текот на следните две години, доколку остане, Рома ќе потроши 30 милиони евра на неговата плата, а се чини дека конечната одлука ќе зависи од неговата сопруга и мајка.

Прво во Вечниот Град пристигна сопругата на Дибала, Оријана, а потоа и мајка му Алисија. Италијанските медиуми пишуваат дека овие денови во Рим се води голема семејна полемика, која би можела целосно да го промени животот на Дибала.

Римскиот клуб е подготвен на негово заминување и наводно веќе е направен список со потенцијални замени. Најголемата желба е Жереми Бога од Ница, а веднаш зад него е Родриго Рикелме од Атлетико Мадрид.

Во меѓувреме, саудиските медиуми тврдат дека Дибала имал состанок со претставници од Ал-Кадисија и наводно е договорен тригодишен договор вреден 45 милиони евра, но сè уште ништо не е дефинитивно.

- Оглас -

Најнови вести