За историја: Првиот стадион на кој се постигнати 10.000 голови (Видео)

Круз Азул славеше со 3:0 во меч од 13. коло на мексиканското првенство против Керетаро, а дуелот ќе остане запишан во светската историја. Средбата се одигра на легендарниот стадион „Ацтека“, кој е првиот стадион на кој биле постигнати 10.000 погодоци.

Домаќините знаеја дека се ближи јубилејниот погодок, па кога беше постигнат, беа подготвени за славје. Пинеда погоди за 1:0 во 18 минута и тоа беше 9.999 гол, а во историјата ќе биде запишано името на Каралјо кој ја затресе мрежата на гостите во 64 минута и тоа беше 10.000 погодок даден на легендарната „Ацтека“.

- Оглас -

Најнови вести