За Јапонките, Лука Модриќ е поубав од Кристијано Роналдо

Животната приказна за Лука Модриќ раскажана во биографската книга со 208 страници „Дете на војната“ го инспирираше светот. Детето од селото Обровац кое побегна од војната и живееше како бегалец (во бегалскиот хотел „Иж“ во Задар, Лука играјќи фудбал скршил повеќе прозорци отколку што скршиле српските бомби) во 2018 година беше избран за најдобар фудбалер на светот.

Сега книгата ќе биде преведена и на јапонски јазик, а издавачите во Јапонија решија на насловната страница да стават фотографија на која Модриќ е сликан во профил, како да трга косата од лицето, наместо со топка или во славеничка поза.

„Модриќ во Јапонија го сметаат за еден од најпривлечните фудбалери на светот. Тој е секс-симбол и нашите жени мислат дека е позгоден и поубав и од Кристијано Роналдо“, објасниле јапонските издавачи.

Долгата коса, физиономијата на лицето и шилестиот нос, а и животната приказна како со упорна работа од дното се стигнува до врвот, биле причина за ваквиот избор на насловната.

- Оглас -

Најнови вести