За Кака, генијалецот Меси е пред машината Кристијано

Некогаш најдобриот фудбалер на светот, Бразилецот Рикардо Кака, иако играше заедно со Кристијано Роналдо во Реал Мадрид, мисли дека Лионел Меси е подобар од Португалецот. Запрашан да направи споредба на нив двајца и да одбере кој е подобар, тој за Меси рече дека е гениј и чист талент, додека Роналдо го нарече машина.

Кака беше во Реал од 2009 до 2013 година, но беше во постојана сенка на Роналдо, и не прикажа игри како во дресот на Милан.

„Играв со Кристијано, и тој навистина е неверојатен фудбалер, но би го избрал Меси. Тој е гениј, чист талент, начинот на кој игра е неверојатен. Кристијано е машина, физички моќен, брз е, и ментално е силен, секогаш сака да победува и да биде најдобар. Дефинитивно двајцата се во топ 5 на сите времиња, среќни сме што можевме да ги гледаме“ – рече Кака.

- Оглас -

Најнови вести