За Кепа дефинитивно нема место, Лампард му најде замена во Милано

Најскапиот голман на светот, Кепа Аризабалага, дефинитивно ги брои деновите во Челзи. Шпанецот не ја врати довербата кај предводникот Френк Лампард, па кога фудбалот ќе се врати во нормала, ќе биде ставен на продажба, а Сините веќе му најдоа замена.

Наводно, Челзи ќе понуди 60 милиони евра за Џиџи Донарума, италијанскиот репрезентативец и член на Милан. Клубот од Лондон може да си дозволи уште еден скап шопинг за голман ако се знае дека изминатиот летен преоден рок имаа забрана за трансфери. Иако за Кепа пред две години потрошија рекордни 80 милиони евра, сега повторно ќе го одврзуваат ќесето за чувар на мрежата.

Сепак, ќе има конкуренција за потписот на Донарума, пред сè, од Јувентус и ПСЖ, но Челзи може да го примами Италијанецот со настап во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести