За Кевин де Бројне, Меси и Роналдо не се најдобри на светот

Доделувањето на Златната топка на „Франс фудбал“ за најдобар светски фудбалер годинава ќе се додели кон крајот на ноември, а Кевин де Бројне од Манчестер сити, кој е кандидат за наградата, смета дека признанието треба да замине во рацете на Роберт Левандовски. Белгиецот мисли дека Полјакот е најдобар на светот, и тоа не само оваа година.

„Ако не ја гледаме само оваа година, туку и севкупно последните две сезони, мислам дека најдобар е Роберт Левандовски. Кога ќе се види колку голови даде периодов и колку победи има со Баерн Минхен, јас него би го ставил на прво место“, вели ѕвездата на Сити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести