За Клоп воопшто не е опција да остане без душата на Ливерпул

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, ја затвори вратата за евентуална разделба со напаѓачот Роберто Фирмино. Германскиот стратег не сака да остане без срцето и душата на клубот поради неговото влијание во екипата.

„Боби е причината што Ливерпул играше квалитетен фудбал и остваруваше успеси изминативе години. Тој е срцето и душата на овој клуб“, истакна Клоп во пресрет на дуелот против Манчестер сити во Комјунити шилд.

Бразилецот влезе во последната година од договорот со Црвените. Се поврзува со трансфер во Јувентус вреден 20 милиони евра, но по изјавата на Клоп, јасно е дека навивачите и натаму ќе му се радуваат на Фирмино.

- Оглас -

Најнови вести