За крај е празно и тажно на Националната арена во Скопје (Фото)

Македонија го игра последниот меч од квалификацискиот циклус за Европското првенство, противник е Израел, а трибините на Националната арена се полупразни.

Се очекуваше поголема посета, со оглед на цените на билетите кои се симболични, но веројатно и со надежите за пласман на ЕП кои исчезнаа на дуелите со Полска и со Австрија исчезна и интересот за поддршка на националниот состав.

На трибините нема повеќе од 4-5 илјади симпатизери на нашата селекција А, која вечерва бие битка за третото место во нашата група.

Со победа против Израел и пораз на Словенија во Полска, Македонија ќе биде трета зад Полска и Австрија, кои патуваат на ЕП 2020 година.

 

- Оглас -

Најнови вести