За кралска акција, голот важи и да не се допре мрежата (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид одиграа фантастична акција во последните секунди од првото полувреме, а тика-така рецептот им донесе прекрасен втор гол, чиј стрелец беше Тони Крос.

Родриго му асистираше, а Германецот ја погоди пречката, па топката падна зад гол-линијата и без да ја допре мрежата по инерција се врати во теренот.

Прекрасен гол по фантастична акција што му донесе голема предност од 2:0 на Реал против Шериф во Тираспол.

И првиот гол на Давид Алаба во 30-тата минута беше одличен, од слободен удар, а Реал е на пат кон нокаут-фазата во Лигата на шампионите и ако ја задржи предноста и го победи молдавскиот првак, ќе му овозможи пласман и на Интер во осминафиналето.

- Оглас -

Најнови вести