За Кристоф Дугари, Македонија е „бескорисна“ репрезентација

Коментирајќи ја рекордната победа на Франција над Гибралтар од 14-0, француската фудбалска легенда Кристоф Дугари во негативен контекст ја спомна и македонската репрезентација.

Дугари, кој со Франција ги освои Светското првенство во 1998 и Европското во 2000 година, а играше за гиганти како Милан, Барселона, Марсеј, беше и во некогаш силниот Бордо, со кого гостуваше во Скопје на меч против Вардар.

„Ова 14-0 е некоја шега? Рекорд е, ама смешен. Овие кикирики мечеви се бескорисни, не можам да ги гледам, а и ги заморуваат момците кои може да се повредат. Гледам само затоа што тоа ми е работа, но има многу тимови кои немаат ништо заедничко со квалификации за ЕП. Грузија, Естонија, Азербејџан, Црна Гора, Литванија, Словенија, Казахстан, Сан Марино, Молдавија, Албанија, Малта, Македонија, сите овие тимови се бескорисни. Косово, Андора, Ерменија никогаш не треба да ги гледаме, евентуално за забава. Сакам да гледам мечеви со интензитет од почеток до крај“, рече Дугари.

Во оваа група на „бескорисни“, Дугари ги смести и Албанија и Словенија, тимови кои ќе играат на ЕП следната година.

- Оглас -

Најнови вести