За малку избегната трагедија на тениски меч, виновен ветрот (Видео)

На Челинџер тенискиот турнир во Гран Канарија, за време на мечот помеѓу Никола Милојевиќ и Едуард Естеве Ловато се случи една драматична сцена, за среќа, без последици. Ветрот ја оддува конструкцијата на која седи главниот судија и таа за малку ќе паднеше врз едно од децата кои собираат топчиња.

Благодарение на брзиот рефлекс на детето кое веднаш побегна, беше избегната трагедија. Главниот судија не беше на своето место затоа што отиде да види дали во една спорна ситуација топчето паднало во поле или во аут.

Погледнете како изгледаше сето тоа:

- Оглас -

Најнови вести