За Манчестер сити бројот 13 се покажа како малерозен (Видео)

Англискиот првак Манчестер сити освои само еден бод на гостувањето кај Саутхемптон, откако во меч од 23 коло на Премиер лигата одигра 1:1. Со ова реми, Сити прекина една фантастична серија од 12 победи по ред во првенството и по речиси три месеци „газење“ на ривалите, сега не победија.

Саутхемптон и во првиот дел од сезоната одигра нерешено против Сити и тоа во Манчестер (0:0), па ова реми не треба да е толку изненадувачко. Вокер-Петерс најави дека шампионот нема да си оди победнички од „Сент Мери“ и го доведе Саутхемптон во водство по само седум минути игра.

Граѓаните израмнија преку шпанскиот дефанзивец Лапорт во 65 минута, но фаворизираните гости немаа сили за комплетен пресврт.

И покрај тоа што не победи, Сити останува убедлив лидер во Премиерлигата. Тимот на Пеп Гвардиола има 57 бодови, дури 12 повеќе од Ливерпул, кој тимот од „Енфилд роуд“ има и два меча плус за играње.

- Оглас -

Најнови вести