За Марсело, Нејмар е подобар од Азар

Доколку Нејмар дојдеше во Реал Мадрид, еден од најсреќните ќе беше левиот бек Марсело. Бразилецот рече дека според него, би било прекрасно ако Нејмар потпише за Реал, а на прашањето дали го преферира Нејмар или Еден Азар со кого ќе играат заедно по левата страна во следната сезона, Марсело му даде предност на сонародникот.

„Нејмар е непредвидлив играч. Дефанзивците никогаш не знаат што да очекуваат од него, невозможно е да се одбраните од него“, вели бразилскиот бек.

„Би ми било големо задоволство ако во составот на Реал го имаме Нејмар. Клубот треба да направи се што е можно за да ги привлече најдобирте на светот. Неговото минато во Барселона не би бил проблем“ – додава Марсело.

Најголеми контроверзи во Шпанија предизвика последниот дел од интервјуто на Марсело, во кое тој ги споредува Нејмар и Азар.

„Еден е неверојатен играч со големи квалитети. Нејмат има квалитети да биде меѓу петте најдобри на светот. Не можете да ги споредувате, но ако треба да изберам еден, мислам дека Нејмар е подобар фудбалер“ – вели патриотот Марсело.

- Оглас -

Најнови вести