За најсмешниот пенал во историјата на фудбалот судија од Србија доби 15 месеци затвор (Видео)

Судијата Срѓан Обрадовиќ нема да може да обавува никаква фудбалска функција во наредните 10 години и 15 месеци ќе биде во затвор по обвинението дека учествувал во местење фудбалски натпревар.

На дуелот меѓу Спартак Суботица и Раднички Ниш, Обрадовиќ очигледно го фаворизирал доамшниот тим, а досуди и пенал, кој е еден од најсмешните во историјата на фудбалот во победата на домаќините од 2:0.

Апелациониот суд во Нови Сад ја потврди одлуката за суспензија на 10 години од фудбалот за Обрадовиќ, кој би можел да се врати во овој спорт во Србија дури во 2031 година, а за местење е осуден на 15 месеци затвор.

 

 

- Оглас -

Најнови вести