За навивачите на Реал сега е предавник, сите други коментираат за девојката на Регилон (Фото)

Серхио Регилон, кој е дете на Реал Мадрид, а додека играше за Кралскиот клуб ќе се тепаше на градско дерби со Луис Суарес, сега се пресели токму во Атлетико Мадрид, и тоа како позајмен од Тотенхем.

Фановите на Реал се во шок, не очекуваа вакво предавство, но Регилон одлучи да го облече црвено-белиот дрес.

На неговото претставување како нов играч на Јорганџиите тој се сликаше и со неговата девојка Марта Дијаз и токму за тоа има најбројни коментари.

Атрактивната Марта е добро позната во Шпанија, таа е модел и инфлуенсерка, има 3,2 милиони следбеници на Инстаграм и над 2 милиони следбеници на Јутјуб каналот, но сега ја запознаа многумина и од другите делови на светот.

Таа изгледаше гламурозно и го потврди статусот на една од најзгодните девојки на фудбалери. Серхио и Марта се во врска од 2019 година, кога тој играше како позајмен за Севилја.

- Оглас -

Најнови вести