За него беа платени повеќе од 40 милиони евра, а сега игра во нисколигаш и даде ефектен гол (Видео)

Пред нешто повеќе од 10 години, Енди Керол беше еден од главните напаѓачи во Премиер лигата. Во јануари 2011 година, Ливерпул реши да плати 41 милиони евра на Њукасл и го доведе Керол на „Енфилд роуд“. Керол играше одлично во Њукасл, но сепак шокантна беше цената која Ливерпул ја плати за негово доведување.

На крајот, доведувањето на Керол се покажа како многу лош потег. КОрпулентниот голгетер не се снајде добро на „Енфилд роуд“, па брзо заврши како позајмен играч и тоа во повеќе екипи. Играше за Вест хем, Ридинг и Вест Бромвич, но никаде не ја покажа формата како што беше во Њукасл.

Во септември оваа година си замина од Ридинг и делуваше дека 34-годишниот напаѓач ќе ја заврши кариерата, но не се случи тоа. Керол реши за прв пат да замине од Англија, па потпиша за францускиот второлигаш Амиен.

Керол веќе одигра седум меча за Амиен и има постигнато два гола. Посебно впечатлив беше погодокот од изминатиов викенд кога успеа да даде гол од речиси половина терен. Атрактивниот погодок на Керол кој има договор со Амиен до јуни 2025 година, може да го видите ТУКА.

 

 

- Оглас -

Најнови вести