За Нејмар, Кристијано не е ни меѓу петте најдобри на светот

Нејмар, напаѓачот на ПСЖ и бразилската репрезентација, ги наброја петте најдобри фудбалери на светот, а меѓу нив не го смести Кристијано Роналдо од Јувентус. Нејмар преферира фудбалери со кои или играл во ист тим или ги цени поради други работи.

„Кои се петтемина најдобри? Меси, Суарес, Мбапе, Погба и Азар. Има многу фудбалери со кои би сакал да играм, еден од нив е Ромарио, со Роналдо Назарио играв на прошталниот меч, би сакал да играв и со Зидан и Ибрахимовиќ“, рече Нејмар.

- Оглас -

Најнови вести